Полиса за поврат на средства

Последна промена: 12.04.2021 21:58

1. Полиса за користење на е-комерц системот

Со пристап до вебсајтот на Хауслукс Плус (hauslux.mk) и при користење на услугата за online плаќање на фактури, вие се согласувате да ги прифатите условите од оваа полиса за користење на електронскиот е-комерц систем. Хауслукс Плус (hauslux.mk) го задржува правото за изменување на овие полиси и услови во секое време, и промените ќе бидат објавени на оваа страница.

2. Полиса за заштита на личните податоци на корсниците на картичките

Хауслукс Плус (hauslux.mk) ќе ги користи личните податоци согласнот со законот за заштита на лични податоци и други релевантни регулации во Република Северна Македонија. Нема да ги доставува личните податоци до трети лица, освен во случаеви каде што е дозволено или законски пропишано, со цел да ги оствари своите права, или да ги заштити своите интереси, или да се усогласат со судски налози или други законски или регулаторни потреби. Како лични податоци се сметаат следниве: Име, презиме, матичен број, адреса, е-пошта, итн. Купувачот гарантира точност на внесените податоци. Хауслукс Плус (hauslux.mk) не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

3. Полиса на приватност и полиса за информации

Хауслукс Плус (hauslux.mk) ќе ги превземе сите мерки за заштите на личните податоци, со цел да се спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неовластен пристап, промена или уништување на истите. Хауслукс Плус (hauslux.mk) нема увид во бројот, датумот, валидноста и безбедносниот код на вашата платежна картичка за целото времетраење на трансакцијата, ниту има пристап до какви било информации поврзани со вашата банкарска сметка. Податоците се внесуваат на веб-порталот на центарот за обработка кој ги обработува трансакциите за плаќање преку Интернет. Во овој случај веб-порталот на банката (УНИ Банка).

4. Полиса за поврат на средства по трансакција со платежна картичка

Хауслукс Плус (hauslux.mk) ќе ги врати средствата на купувачот, само доколку е извршена погрешна трансакција, а правото може да се оствари со доставување на писмено барање и доказ за плаќањето, во кој ќе се наведе датумот кога е извршена погрешната трансакција и во кој износ.